Sunday, December 05, 2021

Газираната вода е корисна за организмот

Вести

Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, бидејќи помага при лошо варење и спречува создавање камен во жолчката и бубрезите.

Минералната вода е корисна и за срцето – посочува ново истражување на Фрамингамскиот универзитет.

Кај повеќе десетици илјади луѓе опфатени во студијата, што трае неколку десетлетија, дури и кај потомци на првите учесници, научниците ја следеа и густината на коските. Резултатите говорат дека просечната густина била намалена само кај жените кои трипати неделно пијат засладени газирани напитоци, како на пример сокови. Според истражувањето, фосфорната киселина влијае на тоа, а не карбонизираната вода, како што некои тврдат. Слични сознанија објави и Универзитетот во Бостон.

Од друга страна, пак, една шпанска студија посочува дека жените кои во постменопаузата, два месеца пиеле минерална вода, имаат помал ризик од развој на коронарни болести.

Газираната вода содржи малку јаглен-диоксид, нема калории, нема шеќер, а покрај тоа освежува и хидрира.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *