Градинарство – календар за месец декември

Вести Градинарство Совети

“Мртво” време за градинарите нема, а поготово за оние кои се занимаваат со производство на расад за рано-градинарско производство. Во овој период почнува наѓубрувањето на леите во оранжериите и во леите во кои се планира подоцна производство на покасни сорти градинарски култури може да се посадат зелена салата и лук. Во деновите кои што се погодни за работа, потребно е да се припреми почвената смеса која што ќе се користи при пресадувањето.

Градините треба да се исчистат од остатоците од претходните култури, а поготово од кочаните од доцната зелка, каде што може да презимуваат штетниците кои што се од економска важност. Овај период е соодветен и за ѓубрење со суперфосфати или калиумови ѓубрива, зависно од потребите на почвата.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *