Република Северна Македонија успешно ги имплементира препораките од Европската Унија во областа на земјоделството

Вести

Република Северна Македонија успешно ги имплементира препораките од Европската Унија во областа на земјоделството.

Делегација од Република Северна Македонија предводена од заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, Авдул Селам Селами, присуствуваа на објаснувачкиот состанок кој се оддржа во Брисел. Тема на состанокот беше „Поглавје 11“ Земјоделство и рурален развој, како дел од подготовките за почеток на преговорите со Европската Унија.

На состанокот беа презентирани и релевантните акти од страна на претставниците на службите на Европската Комисија за поглавјата од правото на ЕУ за земјоделство и руралениот развој.

Претставниците на Европската Комисија, на делегацијата и посочија дека Република Северна Македонија има напредок во поглед на усогласеноста на правната регулатива од областа на земјоделство и рурален развој со законодавството на ЕУ. Во однос на хоризонталните прашања,согласно препораките на Европската Комисија нашата земја е на добар пат. Сите релевантни закони од областа се донесени и се во согласност со законодавството на ЕУ.

Интегрираниот административен контролен систем (IACS) е функционален и добро развиен. Посочено беше и дека АФПЗРР, постојано работи на подобрувањето на системот. Мрежата на сметководствени податоци на земјоделските стопанства (FADN) е функционална и е според правилата на ЕУ, како и дека постојано се прават напори за подобрување на квалитетот на податоците.

Што се однесува до системот за идентификација на земјишни парцели (LPIS), изработени се нови орто-фото-мапи и земјоделското земјиште се дигитализира. Претставниците на Европската Комисија посочија и дека Република Северна Македонија има напреднато и во делот за рурален развој, сите законски одредби се во согласност со законодавството на ЕУ.

Посочија и дека Платежната агенција е целосно функционална. Во минатата и тековната година направени се напори да се зголеми персоналот во Агенцијата и Телото за управување а тоа според нив веќе позитивно влијае и на апсорпцијата на средставата од ИПАРД 2 Програмата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *