ГРАДОНОСНИ облаци ќе ја зафатат државата, ПРЕУПРЕДУВАЊЕ до земјоделците

Вести

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса но и поради многу загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија во следните часови особено во северните а потоа и во централните и во југоисточните предели од државава ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дож олуен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој би можел да биде и од поголема величина (покрупен). Во случај на појава на НЕВРЕМЕ препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Исто така и утре и во петок попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на НЕВРЕМЕ додека пак температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пад. За време на викендот пак атмосферата ќе се стабилизира што значи ќе имаме стабилно, суво и сончево време.

Подготви: Славчо Попоски

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *