Намален увозот на пченица од Србија

Вести Полјоделство

Македонија годинава може да остане без лебно жито. Жетвата во Србија започна од пред неколку денови, но тамошните земјоделци велат дека годинава нема доволно пченица за извоз. Ова е многу важно за нас, бидејќи најголем дел од увозот на пченица и брашно во земјава доаѓа токму од српските ниви.

Србија годинава ќе нема доволно пченица за извоз. Српските агрономи од Факултетот за земјоделство во Белград велат дека годинава се очекува принос многу помал од лани. Како причина за ова се наведуваат неповолните временски услови кои го зафатија Балканот. За да состојбата биде уште полоша, пченица има многу малку и на нашите ниви. Според Земјоделските здруженија има големи плантажи каде скоро и да нема род на пченица. Таму пак каде се жнее, приносите се многу мали и се за 25 до 30 отсто пониски од вообичаено. Според последните проценки на експертите годинава се очекува приносот да биде понизок од 1,5 тони по хектар.

-Временските услови кои беа многу неповолни за пченицата но и за останатите житни култури се главна причина за ниските приноси. Квалитетот е добар, но количина нема. За разлика од минатите години количините кои ги извезувавме ќе бидат десеткувани, вели Јован Веселиновиќ, директор на „Борец“ од Војводина кој е еден од најголемите производители на пченица во Србија.

 

 

Пченицата е стратешки производ во Република Македонија и сеуште голем број на земјоделците произведуваат пченица на мали површина. Според последниот извештај на Држаниот завод за статистика површина засена со пченица се  80.924 ха (односно 34 % од вкупната земјоделска површина)  од која 64.706 ха се индивидуален сектор, а 16.218  се деловни субјекти и 104.853 мали земјоделски стопанства произведуваат пченица.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *