Зголемен интерес за земјоделско осигурување во Полошкиот регион

Вести

Во Тетово се одржа третата трибина од едукативната кампања за подигнување на јавната свест за земјоделско осигурување „Не гледај во небото, осигури се“, во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство“ и осигурителени компании, а со поддршка од Владата на Република Северна Македонија.

tetovo7
Идејата за оваа кампања произлезе од потребата за поголема едукација и информираност на земјоделците за важноста од осигурувањето имајќи го предвид влијанието на климатските промени и несигурноста на земјоделското производство како „фабрика на отворено“.
Учество во кампањата зедоа осигурителните компании Триглав, Евроинс, Кроација, Сава и СН Осигурителен брокер АД Битола.

tetovo4

На настанот присуствуваше директорот на АПРЗ, Елгафар Јусуфи кој ја подржува кампањата и заменик директорот на АФПЗРР, Абдул Селам Селами, кој истакна дека поддршката за модернизирано земјоделство е приоритет.
-Трибината во Општина Тетово е одличне начин на заедничка средбат помеѓу земјоделците од полошкиот регион и осигурителните компании. И понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите средби, бидејќи сме убедени дека само со директна комуникација, едукација и објаснувања земјоделците ќе можат да ги искористат средствата кои ги нудат осигурителните компании, но и фондовите кои владата ги има предвидено за развој на земјоделието, рече Селами.

selami

Претседателот на Здружението земјоделци „Современо Земјоделство“, М-р Билјана Петровиќ изјави од вкупно регистрираните земјоделци, моментално само 4 проценти се осигурени со полиса за земјоделско осигурување, и дека се очекува тој број значително да се зголеми.

-Целта е значително да се подигне јавната свест, со што би се зголемил интересот и бројот на осигурителни полиси во земјоделското производство, но и полисите за осигурување на живот и имот, бидејки сите знаеме дека земјоделците немаат никакво пензиско и здравствено осигурување, а работат во фабрика на отворено, па треба да сфатат колку е битно да го осигураат својот живот и имот. Овој проект има уште една битна цел, а тоа е да се подигне јавната свест и за превентивата во земјоделското осигурување. Ова можеби е и најбитниот фактор, бидејки полисите со висок и низок ризик не се исти, а од друга страна, и штетите од климатските промени ќе бидат многу помали доколку родот е заштитен, истакна Петровиќ.
На трибината учество зедоа голем број на земјоделци и сточари, кои интерактивно учествуваа на трибината.

tetovo3

-Јас имам 20 хектари со цреши, не сум осигурал досега, но сакам да ми се објаснат детално условите, колку треба да вложам и што добивам, истакна земјоделец од Тетово.

-Јас сум сточар, имам 400 овци, и постојано ми е во мисла дека треба нешто да превземам за да ги заштитам. Не сум осигурал досега, но после оваа трибина дефинитивно ќе го сторам тоа, изјави сточар од Тетово

tetovo8
Поддршка во осигурувањето добиваат и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое покрива 60 отсто од вредноста на полисата, преку субвенционирање. На трибината стана збор и за превентивата која треба да биде позастапена со цел да не доаѓа до поголеми оштетувања од град кај лозовите и овошните насади, на кои поради застарениот начин на насад нема услови да се постават заштитни мрежи, особено во преспанскиот регион.
-Ваквите средби помагаат во поголема информираност и едукација на земјоделците да се користи поддршката во осигурувањето од Министерството за земјоделство, кое покрива дел од трошоците за осигурителната полиса, односно се покриваат 60 отсто од вредноста на полисата, преку субвенционирање. Ние им излегуваме вопресрет на сите земјоделци од овој регион, можат да се обратат кај нас во секое време, изјави Африм Сејрани, раководител на ПЕ МЗШВ Тетово.

-Стефани Арсовска, претставник од владата ги информира земјоделците за најновата мерка што неодамна ја донесе владата – Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви“.

tetovo5

-Станува збор за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови преку таканаречено засејување. Тоа подразбира надлетување на небото на територија на Република Северна Македонија со специјално опремени авиони кои ќе испуштаат раствор за спречување на формирање на мраз во облаците. Со овој вид на заштита од природни климатски непогоди како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколку кратно поекономичен систем од старите ракетни системи – изјави Арсовска.

 

На трибините земјоделците се запознаваат и со останатите производи што ги нудат осигурителните компании, како осигурување на имот, добиток и животното осигурување.

-Ваквите средби уште еднаш ја потврдија потребата од поголема соработка меѓу земјоделците и осигурителните компании со цел зголемување на земјоделското осигурување.  Во тие заложби се приклучуваат подрачните единици на МЗШВ но и советниците од АПРЗ можат да дадат свој придонес и да им помогнат на земјоделците со информации колку е важно да се осигура производството. Годишно за обештетување се одвојуваат милионски суми од буџетот кои можат да се искористат за превентива како заштитни мрежи или други модерни технологии- изјави Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата.

lence_govornica
Трибините продолжуваат и во други градови низ државата, за да се постигне поголема информираност и значително зголемување на земјоделското осигурување.

bile

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *