И покрај доцнењето есенската сеидба е при крај

Вести

 

Оваа година со задоцнување и во многу тешки услови заради големиот сушен период започна есенската сеидба во Пелагонискиот регион. Но, последните дождови поволно делуваа на почвата со што сеидбата веќе е при крај.

– Есенската сеидба се одвиваше во неповолни услови, со тешка обработка на земјата. Најпрво се обработија поголемите површините кои ги имаат земјоделците. Пред две недели земјоделците имаа завршено 60 % од сеидбата, меѓутоа со дождовите кои што наврнаа деновиве по некоја проценка има некаде посеано околу 90%,  останато е само на оние поситни земјоделски посеви кои што ги имаат земјоделците како тутун, рече Зоран Бардаковски, раководител на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството – Битола.

Тој истакна дека земјоделците мора да се прилагодат на климатските промени.

– Имаме високи температури кои што не се карактеристични за овај период од годината меѓутоа тоа незначи дека треба да се користат нови култури. Треба да се садат култури кои што ќе бидат прилагодливи на овие услови. Сепак климатските промени е процес кој што трае со години. Така што се надевам дека со добра едукација земјоделците ќе се прилагодат, истакна Бардаковски.

Бардаковски вели дека и порано се случувало есенската сеидба да доцни, дури и до втората половина на декември, но искуствата покажале дека родот бил солиден.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *