Информативни средби во Битола и Прилеп за проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”

Вести

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на информативни средби кои се организираат во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”.

Информативите средби ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:

 

– 06.09.2018 (четврток), 10:00 – 12:00, Битола во НУ Центар за култура – Битола;

– 06.09.2018 (четврток), 16:00 – 18:00, Прилеп во старата Општинска сала.

На средбите ќе информираме за:

– предности од здружување во земјоделски задруги преку презентација на успешни примери од регионот и

– можности за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги во рамки на наведениот проект.

 

Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од  CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *