Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во текот на дводневната посета на Велика Британија, оствари средба и со египетскиот амбасодор во Лондон, господинот Nasser Kamel.
“Камел изрази подготвеност да даде поддршка за подобрување на условите за извоз на македонските производи во Египет. Меѓу другото, тој е подготвен да помогне во реализација на барањето на Македонија за намалување на царинските давачки на нашите земјоделски производи. Очекувам наскоро Македонија да ја посети и бизнис делегација од Египет со цел продлабочување на соработката и привлекување на нови инвестиции во областа на земјоделството”- истакна Николовски.
Б.П. за Современо Земјоделство