Извозот на свеж зеленчук и овошје во март годинава бележи пораст, споредено со истиот период 2019 година. Според податоците од Царинската управа, и покрај исклучително тешките услови, извозот на свеж зеленчук во март 2020 година е поголем за околу 3.000 тони во однос на 2019 година, додека кај вредноста се бележи благо намалување. Во март 2020 година изнесувал 290 милиони денари или околу 4,7 милиони евра.
Извозот на свежото овошје, во март 2020 година е поголем за околу 1 милион евра во однос на 2019 година. Извозот на свежо овошје во март 2020 година изнесувал околу 3,7 милиони евра или околу 9.126 тони.