Со оглед на се позачестените прашања од страна на земјоделците кога ќе започне пријавувањето за новите субвенции, одговара првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
-Земјоделските производители и оваа година ќе си аплицираат со своите производствени капацитети. Се подготуваме за тој процес, се вршат последните тестирања на системот и многу скоро ќе ги информираме сите земјоделците за започнување на пријавувањето за програмата 2020 година – изјави за Агротим, Бабовски и потсети дека ситуацијата годинава е поразлична од другите години поради вонредната ситуација предизвикана од пандемијата со Ковид – 19 и уредбата која беше на сила за замрзнување на процесите.
-Земјоделците да не се грижат, навреме ќе ги информираме и оваа година ќе си аплицираат со своите производствени капацитети за програмата за 2020 година – изјави Бабовски.