ЈАВЕН ОГЛАС бр.12/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

Вести Огласи

Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.12/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари  (“Службен весник на Република Македонија“ бр._____/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Јавен   ОГЛАС бр.12/18

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање


I
.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 1426ха 88ар 64м2

javen oglas 12-18 nad 3 ha –

Министерот Љупчо Николовски на прес-конференција, меѓудругото, истакна дека со новиот оглас за давање под закуп на државно земјиште над 3 хектари се создаваат услови за капитални инвестиции во земјоделството.

-Се работи за најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети. Ваквите огласи се можност за отворање нови работни места, повеќе крајни производи кои ќе бидат конкурентни на домашниот и странскиот пазар, и она е што е најважно – подобар пласман на земјоделските производи, рече Николовски. 

Со овој јавен оглас ќе бидат опфатени вкупно 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, а рокот за аплицирање е 30 од денеска.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *