ЈАВЕН ПОВИК бр.4/2023 – Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

Вести Огласи

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09,
43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и
руалниот развој го објавува следниот
Ј А В Е Н П О В И К б р . 0 4 / 2 0 2 3
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година

I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски
стопанства

II. КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
согласно Закон за земјоделство и рурален развој

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на земјоделска механизација, пчеларска
опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско
потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство, машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за производство на тутун, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 годинa

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121 – Инвестиции за
модернизација на земјоделски стопанства изнесува 600.000,00 денари.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

– Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по
различни мерки земајки ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска
поддршка на руралниот развој за 2023 година.

– Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка
на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во
Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:
Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година („Службен
весник на Р.Македонија“ бр. 43/23 и 73/23)
Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10,
53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16,
163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21 )
Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален
развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19,
215/19, 24/20, 96/21, 276/21, 91/22, 113/22, 186/22, 73/23 и 94/23) и
Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за
рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите
трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр.
124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19, 214/19, 276/21, 91/22, 122/22, 186/22 и 73/23)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска
поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски
да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121.
Услови кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

1. За инвестиции во приклучна земјоделска механизација
– Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури
или на една земјоделска култура или 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено
или 0,5 ха за производствен капацитет тутун.

2. За инвестиции во опрема за производство на тутун
– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун.

3. За набавка на силоси
– Максимален капацитет на силос од 25 тони.

4. За инвестиции во во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло
– За инвестиции во мандри – минимум 150 овци и/или 50 кози

5. За инвестиции во пчеларска опрема
– Центрифуга, топилник за восок, млин за шеќер, пчеларска вага, садови за мед, декристализатор
и електричен отклопувач на саќе.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со
бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките
за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19, 215/19, 24/20, 96/21, 276/21, 91/22, 113/22, 186/22, 73/23 и 94/23 )

– Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на
поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk

– Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување
на Договор за ко-финансирање со Агенцијата

– Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се
разгледуваат.

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта
и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за
финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на
предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на
Барањето (0423-12116-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во
писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и
некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка не подоцна од 10.06.2023 година.

 

ЗА ИЗРАБОТКА НА КОМПЛЕТНА АПЛИКАЦИЈА, ОБРАТЕТЕ СЕ ВО „СОВРЕМЕНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО“ НА 076/280-300

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *