ЈП “Стрежево” и ЈКП Водовод Битола потпишаа протокол за снабдување со сирова вода

Вести

Денес двете претпријатија потпишаа протокол за снабдување со сирова вода со прецизни одредби за регулирање на правата, обврските, како и начинот на постапување на договорните страни.

Со протоколот се уредуваат условите и начинот за снабдување со вода, односите меѓу давателот и корисникот на услугата, со цел достапност до доволно количество квалитетна вода за потребите на граѓаните, во согласност со начелата за одржливо управување со водите за пиење и заштита на човековото здравје.

“Јавното Комунално Претпријатие Водовод Битола е едно од трите стратешки партнери на претпријатието, покрај РЕК Битола и ЗИК Пелагонија.
Од тие причини уште во 2017 година започнавме разговори за регулирање на финансиските и техничките односи со ова, за нас, исклучително значајно претпријатие.
Договорот овозможува прецизно дефинирање на опременоста на приклучните места, сопственоста, манипулацијата, одржувањето и регулација на сите права и обврски на договорните страни.

Ова е во интерес на вработените од Стрежево и Водовод, но најмногу е во интерес на граѓаните од Општините Битола, Новаци и Могила.

 

Менде Граматковски

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *