Сеуште активен јавниот повик за закуп на државно земјиште над 3 хектари

Вести
Во Виница, Струга, Кавадарци, Гевгелија, Кратово, Кочани и во Неготино, под закуп се нудат 750 хектари државно земјоделско земјиште. Огласот е наменски за земјоделско производство и за рибници. Парцелите се поголеми од 3 хектари, a изборот на закупецот е по пат на електронско јавно наддавање.

750 хектари со парцели поголеми од 3 хектари државно земјоделско земјиште се нудат под закуп. Времетраењето за користење на земјиштето е различно.

Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат површините ќе ги добијат за период од 15 до 70 години.

Право на учество имаат домашни физички и правнии странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на огласот во висина на понудена деветмесечна закупнина.

Почетната цена е во зависност од квалитетот на земјиштето се движи од 30 до 120 евра, а за парцелите кои се наоѓаат на висина поголема од 1.000 метри надморска височина цената е двојно помала.

Огласот ќе трае 60 дена од објавувањето, односно од 7 февруари, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *