ЈП „Стрежево“ прослави 40 годишен јубилеј

Вести

Под мотото „Водата е живот“  јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола вчера одбележа 40 години од основањето. Одбележувањето на јубилејот го започнаа во ЈП „Стрежево“, во присуство на голем број на гости, блиски соработници на ова јавно претпријатие како и поранешни и сегашни вработени во претпријатието. Дојде и пратеникот од Битола, Александар Кирацовски. Директорот на ЈП ,,Стрежево” Менде Граматковски рече дека ова е јубилеј достоен за почит и дека се преземаат мерки за понатамошен развој на ,,Стрежево”.

-Со домаќинско и рационално трошење оваа година успешно ја завршивме сезоната. Во јуни имавме 105 милиони кубни метри вода, а сега 75 милиони кубни метри вода. Сите водокорисници на време беа услужени и за идната година се подготвуваме, па корисниците не треба да имаат грижа, ќе има вода за сите водокорисници. Во овој момент вода се испорачува за РЕК Битола, ЈП Водовод и индустријата, рече Граматковски.

Во рамки на јубилејот беше отворен и Центар за динамичка регулација и видео надзор на објектите на претпријатието.

-Отворивме центар за видео надзор, односно го осовременивме постоечкиот компјутерски центар, и од најдалечната точка, односно 40 километри од браната до грчка граница, ќе имаме можност преку видео надзор да ја пратиме целата техника и технологија што значи и последниот зафат од хидро системот ќе ни биде обезбеден со видео надзор, рече директорот Менде Граматковски.

Пратеникот Александар Кирацовски рече дека хидросистемот многу е значаен за Битола  и рече дека ќе помогне системот и понатаму да се унапредува.

-Денес, она што е особено важни е да се истакне дека токму од тука од хидросистемот Стрежево со питка вода се снабдува Битола и околината, се наводнува Битолско поле, со технолошка вода за нашиот најголем енергетски комплекс РЕК Битола, како и останатите фабрики во Битола и околината.Со една реченица – ЈП Стрежево обезбедува живот за Битола и нејзината околина.Она што е многу битно е што ЈП Стрежево е еден од поттикнувачите и на туризмот во Битола, затоа што сите ние сме претпознатливи како битолчани по Нижеполе, по летниот и зимски центар и нормално по двата ски лифта.Како битолчанец, особено сум горд што денеска сум денеска тука и им благодарам на поканата и на директорот и на ЈП Стрежево, тоа е едно од најбитните претпријатија во оваа околина, еден од најголемите капитални објекти кои што истовремено имаат влијание и врз туризмот и врз енергетиката и врз земјоделието, и нормално врз човековото живеење, тука.Она што сакам да го истакнам е дека како пратеник и генерален секретар на најголемата владејачка партија, сакам да истакнам дека стојам комплетно на располагање и ќе настојувам ова јавно претпријатије да се зачува комплетно, да се работи домаќински особено како последната година и половина, и да интервенирам со сето мое влијание што го имам истото да биде унапредено максимално.Вакви капитални објекти и се потребни на Битола, и се потребни на цела Македонија и ние како парламентарно мнозинство, како Влада на Република Македонија, правиме се да обезбедиме значајни предуслови вакви капитални објекти да се иницираат, да се градат, и нормално да се одржуваат. Нека е честит јубилејот на ЈП Стрежево, рече во изјавата Кирацовски.

Во рамки на јубилејот синоќа во 18,30 часот, во фоајето на Народниот театар од Битола беше поставена изложба на фотографии, а во 19 часот во салата во Народниот театар се одржа свечена академија на која  беа доделени признанија и благодарници на институции и поединци.

На свечената академија присутерн беше и Министерот за земјоделство, шумартсво и водостопанство, Љупчо Николовски.

-Денес одбележавме 40 години од неговата изградба. Вистинските инвестиции во восостопанството се клучни за земјоделството и севкупниот развој на секој регион. Токму ова е во фокусот на МЗШВ за следната година, рече Николовски.

Стрежево е владино јавно претпријатие во кое во моментов работат 230 луѓе, управувувањето е двостепено со управен и надзорен одбор.

Хидросистемот „Стрежево“ овозможува наводнување на околу 20.200 хектари во битолското поле на Пелагонија, заштита од поплави и производство на електрична енергија.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *