Kadaknath кокошка – црна како јаглен

Вести Живинарство Совети

Оваа индиска кокошка, за жал, не е опишана во ниту една монографија на македонски јазик, која се занимава со видовите кокошки. Kadaknath или Kali Masi – кокошката, потекнува од индиската провинција Madhya Pradesh, исто така наречена “срцето на Индија”, бидејќи се наоѓа во централниот дел на таа огромна земја. Таа има многу жешка и сурова клима, бидејќи е сосема оддалечна од океанот кој го опкружува индискиот подконтинент.

Меѓутоа, како топла и со реки опкружено подрачје, оваа област е богата со флора и фауна, меѓу кои се наоѓа веќе споменатата kadaknath –  кокошка. Оваа кокошка, е навикнат на екстремна топлина и нема да ги има овие проблеми како нашата кокошка, но и во чие месо и јајца многу научниците го гледаат спасот од болести, како што се покачениот шеќер, а особено холестеролот во крвта.   

Екстериер

Многу е специфична по тоа што има темно црни перја, иако може да биде и златна, па дури и шарена, но она што е навистина интерено е дека кожата под пердувите, на деловите околу очите, па и самото месо се целосно темни, па и црни!

Оваа кокошка потекнува од пустината на централна Индија, и благодарение на племињата и жителите во сиромашните региони кои живеат во Madhya Pradesh, ова ремек – дело стигнало до земјоделецот и до фармерското производство. Она што ги заинтересирало агрономите и земјоделците за овој вид, е самото откритие за лековитите својства на јајцата и месото, кои се многу вкусни и богати со минерали и протеини, а со многу мала содржина на маснотии и затоа се погодни за луѓе кои се склони кон висок холестерол и шеќер.

Се разбира, во услови на општа сиромаштија и топла и сурова клима, каква што е во Централна Индија, првенствено месото од оваа кокошка се користи за подобрување на имунитетот, а со тоа се намалуваат и симптомите за многу хронични заболувања, проблеми со срцето, стерилност, а исто така се користи и како афродизијак. Прочуено беше дека племињата на оваа централна индиска држава ја пиеле крвта на оваа кокошка за да ги ублажат непријатностите на многу ментални нарушувања и хронични болести, а додека месото беше користено како афродизијак!

Производни карактеристики:

Се верува дека месото на кокошката Kadaknath, содржи помеѓу 18 и 20, дури и 25% протеини и само помеѓу 0,73 до 1, 05% холестерол, додека белото пилешко месо содржи 13-25% холестерол. Постојат 18 видови аминокиселини во месото и јајцата кои се добредојдени во нашиот организам, но исто така и витамини Б1, Б2, Б6, Б12, витамин Е, ниацин, калциум, фосфор, железо и други минерали, што го прават месото пред се како ЛЕК.

” Современо Земјоделство “

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *