Паткини или кокошкини јајца – Супер храна на денешницата

Вести Живинарство Совети

Svakog dana jedno jaje, organizmu snagu daje – познат рекламен српски слоган, кој јасно зборува за тоа колку моќна храна е јајцето.

Јајцата се здрав избор на храна, без разлика дали тоа е кокошкино или паткино, бидејќи содржи околу 15 витамини и минерали, и завзема посебно место во исхраната на човекот поради неговата висока хранлива вредност. Тоа е особено важно за развојот на младиот организам поради неговиот богат состав.

Јајцето од кокошка е вкусно и хранливо, одличен извор на протеини, кое целосно може да го замени месото, има ниска калорична вредност и е лесно сварливо ако внесот е умерен. Во хуманата исхрана се користат белките и жолчките, но и лушпата од јајцето може да биде многу корисна земја на растенијата или како додаток во исхраната на добитокот, бидејќи е богата со калциум , па дури може да биде и со различни бои.
  • Белката ги содржи повеќе од половината протеини во јајцето,витамин Б3, витамин Б2, минерали: хлор, магнезиум, калиум и сулфур. Белката, претставува половина од вкупната тежина на јајцата и пред се е протеински раствор, бидејќи ги содржи основните амино-киселини неопходни за растот и опстанокот на организмот.
  • Жолчката, од друга страна содржи повеќе витамини, фосфор, магнезиум и железо од белката, сите витамини А, Д и Е се наоѓаат во жолчката. Бојата на жолчката е поинтензивна кај домашните јајца, отколку кај оние од фармата, што зависи од тоа што ја храни конзумира кокошката. Ако тие јадат многу пченка, жолчката ќе биде темно жолта. Понекогаш присуството на крвни честички не е знак дека јајцето е оплодено, како што се мисли, тоа е знак дека јајцето е свежо и може да се конзумира.

Иако прогласена за “лоша храна” затоа што е богата со холестерол и која влијае на појавата на кардиоваскуларни болести, таа исто така содржи лецитин кој го потиснува холестеролот. Неодамнешните истражувања покажаа дека умерената конзумација на јајца е добра превенција во спречувањето на формирање на тромб во крвта што води до срцев удар. И за тоа се заслужни протеините во жолчката.

Што се однесува на внесот на јајца, тие не треба да се внесуваат секојдневно и во поголеми количини, туку во склад со возраста.

Само здраво ( чувано ) јајце е добро јајце

Најважно е јајцата да се свежи, што не може точно да се утврди, но еден од критериумите е тоа колку е старо јајцето. Многу свежо јајце е ако старо 4 дена, а  свежо ако не е постаро од 8 дена. Треба да се напомене дека свежината на јајцата нема никаква врска со бојата на лушпата, што всушност зависи од типот на кокошката и нејзината исхрана. Свежината најлесно се определува со потопување на јајцето во растворена сол, ако тоне надолу, јајцето е свежо.

Чувањето на јајцата е исто така од голема важност, идеална температура за складирање е +4 степени, а влажноста е од 70% до 80%. Затоа, јајцата можат да останат свежи четири недели и треба да се свртат поширокиот дел нагоре. Јајцата не треба да се мијат по купувањето, бидејќи површинскиот слој на лушпата се уништива и брзо може да дојде до расипување на јајцето.

Што мислите за јајцата од патка?

Јајцата од патка, всушност и не се разликуваат во составот со јајцата од кокошка. Тие се подеднакво здрави, имаат за нијанса повеќе маснотии, холестерол и протеини во белката, бидејќи се поголеми од кокошкините јајца. Тие имаат и повеќе белка.

Донекаде се сметаат и за егзотична храна, поради повисоките цени, и не е лесно да се најдат. Треба да се забележи дека јајцата, особено од патките, може да бидат почести преносители на салмонела, која во најголем дел се наоѓа на лушпата , а потоа се преминува на содржината на јајцето. Со варењето, ефикасно се уништува, а паткиното јајце, треба подолго време термички да се третира.

Јајцата се одлична храна денес. Паткино или кокошкино, прашањето е сега? Изборот е ваш, што и да одберете нема да погрешите.

 
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *