Како да го одржуваме угарот?

Вести Полјоделство Совети

Прашања кои често се споменуваат од страна на земјоделските производители се однесуваат на агроиндустриски мерки кои можат да се спроведуваат на земјиштето под угар, како би можеле да добиваат субвенции за тоа.

Дефиниција за угар, во согласност со важечките прописи е следна: “Земјиштето под угар е обработливо земјиште каде што не се врши земјоделско производство, додека неодржувано земјоделското земјиште се смета за необработливо”. За потребите на еколошки значајно земјиште (EZP),  земјиштето треба да биде неактивно во периодот од 15 февруари до 15 август од годината во која е поднесено единствено барање.

Ова значи дека за време на овој период не треба да се врши сеидба или садење на површината што се прогласува како угар. Не смее да се дозволи оваа површина да се обраснува со плевел и треба да се одржува со косење. На површините од угар кое се еколошки значајни, не смеат да се  применуваат средства за заштита.

Значи, угар е обработливо земјиште на кое во моментот нема земјоделско производство, ниту се врши испаша, но кое се одржува во земјиште погодно за земјоделско производство или пасиште и може да се коси. Изникнатиот покров на растенијата може да се тањира, плитко да се изора, дс се искоси, но не смее да се дозволи употреба на хербициди.

Доколку парцелата е оставена под угар, од причина што на неа не можеле да се изведат агротехнички мерки во оптималниот временски период, овој е период кога на земјиштето нема земјоделско производство па може да се искористи за превземање на мерки за поправка на почвата и примена на калцификација, хумификација, мелиоративни интервенции (на пример, поткопување) доколку е потребно.

Угарот може да се посее со зимски култури, но треба да се земе во предвид времето на мирување кое е од 15 февруари до 15 август од годината во која е направено единственото барање.

„Современо Земјоделство“
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *