Размножување на добиток – Без размножување, производството на млеко се намалува и на крај престанува.
Говедата во 97 до 99% се телат само со едно теле.
Пубертетот кај добитокот се јавува после полното созревање и се манифестира со појава на целосен циклус.
Пубертетот во просек се јавува околу 9-от месец, но на појавата на пубертетот влијае расата (ранозрелите раси влегуваат во пубертет на 8 месеци, а каснозрелите и после 10-от месец), исхраната, телесна тежина и сезоната на одгледување.
Холштајно-фризиските раси за прв пат се осеменуваат на возраст на 15 месеци, додека сименталската раса, на возраст од 16 до 17 месеци и маса од 380-390 килограми или 60% од тежината.
Појавата на полна зрелост се манифестира со целосен циклус, кој кај кравата обично трае 21 ден (17-24 дена).
Првата овулација после телењето најчесто не е видлива, а првото терање после телењето може да се забележи по 10 дена.
Ако кравата после телење не е во еструс, најверојатно е дека кравата е болна или се случило “тивко терање”.
Целиот циклус се состои од пет фази: проеструм, еструс, метеструс, диеструс и анеструс, од кои најважната фаза за репродукција на говеда е еструсот (принудување, терање на говедата).
Во фазата на еструсот, женката е подготвена за мажјакот и во оваа фаза доаѓа до овулација.
Овулацијата се карактеризира со надворешни знаци како што се: немир, послаб апетит, вулвата е црвена и отечена, движењето на животните се зголемува, кравите скокаат на други крави. Оваа фаза на циклусот трае 24-36 часа, а инсеминацијата е најуспешна 12-18 часа по појавата на првите знаци на еструс.
Параметрите на плодноста
Производството на млеко и месо од говеда, најчесто зависи од плодноста на кравите.
Затоа, при управувањето со стоката, имаме одредени параметри на плодноста што ги следиме. Тие се:
- Период меѓу две телења: Доколку временскиот период меѓу телењето е повеќе од 365 дена, тоа е знак за слаба плодност
- Периодот од телењето до ново оплодување: Оптимално овој перио би требало да трае 60-90 дена
- Индекс на осеменување: Го означува бројот на осеменувања по стелна крава
- Индекс на телења: Односот помеѓу вкупниот број на отелени крави и јуници, во споредба со вкупниот број на крави во стадото: Задоволителен индекс би требало да биде меѓу 100 и 110.Fa
Фактори кои влијаат на плодноста на кравите
Плодноста на кравите и самиот циклус, особено за млечните говеда, е многу чувствителна фаза во производството на млеко.
Затоа, во одгледувањето постојат многу фактори кои влијаат на тоа.
Главен фактор е исхрана, и првенствено снабдувањето со енергетската компонента во оброкот.
На плодноста на кравите позитивно влијае храната со повеќе влакна, бидејќи ги намалува здравствените проблеми на кравите и го намалува периодот меѓу телењата.
Покрај тоа, мора да се внимава храната да не е долго време изложена на температури повисоки од 32 ° C и влага над 75%.
Исто така, преку исхраната треба да се внимава на внесувањето на калиум и натриум, витамин Д, како и елементи како бакар, јод и манган.
Силно влијание врз плодноста на кравите имаат, процесот на инсеминација, високото производство на млеко, начинот на држење, пренаталните загуби (абортуси).
„Современо Земјоделство“