Грашакот се сее директно на неговото постојано место. За разлика од гравот, грашокот многу успешно р`ти и на ниски температури.
Тоа значи дека грашокот можеме да го посееме многу рано, штом стигне пролетта, но потребно е почвата да биде сува. Се сее од почетокот на март, каде што температурата на земјата мора да биде најмалку 5 целзиусови степени.
Последниот период за сеидба на нискиот грашок е крајот на август, сепак, поради ризикот од мувла, не се препорачува летно сеење. Високиот грашок може да се посее до крајот на јуни, но сепак за побезбедно се препорачува само до крајот на мај.
За секојдневни потреби и за замрзнување на млади зрна, се сее околу шест метри долг ред, низок грашок. Слаткиот грашок обично е висок. За дневна употреба се сее околу 60 сантиметри ред.
Високите сорти се сеат со мрежест потпирач, како оној што го поставуваме за сеење на краставици. Растенијата во линија мора да бидат на растојание од 30 см, а редовите најмалку еден метар еден од друг. Нискиот грашок може да се сее во т.н. појаси, широки 15 сантиметри, а во нив зрното се става на растојание од 5 сантиметри. Растенијата мора да бидат на растојание од 30 сантиметри, бидејќи така се зголемува приносот. Поради практичноста, и за нискиот грашок да се постави потпирач. Проверено решение се гранките што ги поставуваме во средината на редот. Така, грашокот ќе расте од двете страни на потпирач.
Мешункастите растенија, никогаш не ги ѓубриме со шталско ѓубриво. Нискиот грашок во добро заштитени градини, не треба воопшто да се ѓубри, додека високиот грашок се ѓубри со помали количини на стопостотни органски ѓубрива, а уште подобро е ако за редовно прихранување се користи течно органско ѓубриво, базирано на морска алга. За време на цветањето и оформувањето на зрното грашок, не е дозволена суша. Треба да се наводнува еднаш неделно, но листот и цветот не треба да се воденат. Земјата треба да биде влажна на длабочина од 20 до 30 сантиметри.