Како ЛЕД-светлината влијае на мирисот и вкусот на зеленчукот?

Вести Градинарство Совети

Вертикалните градини и областите за одгледување затворен зеленчук стануваат сè попопуларни низ целиот свет. Со цел да се создадат оптимални услови за раст и развој на растенијата, наместо сончева светлина, се користат LED светилки. Сепак, се поставува прашањето дали овој вид вештачко осветлување влијае на мирисот и вкусот на зеленчукот?

Шпански научници се занимаваа со ова прашање и направија многу интересни откритија. Фино прилагодено LED осветлување може да влијае на растот на зеленчук и да го скрати животниот циклус на растението. Едноставно кажано, со употреба на бело или розево LED осветлување, растението расте побрзо и созрева порано, така што е можно да има повеќе жетви во текот на сезоната. Кога станува збор за квалитетот, што е единственото нешто што ги интересира потрошувачите, се дознава дека зеленчукот кој се одгледува на овој начин има свои предности и придобивки.

Истражувањето било спроведено на зеленчукови насади и по испитувањето било заклучено дека зелениот домат добил интензивна црвена боја за време на третманот со црвено ЛЕД светло. Исто така беше забележано дека доматите одгледувани на овој начин имаат поголема содржина на ликопен.

– Доматот имаше зголемена содржина на антиоксиданти, што носи широк спектар на здравствени придобивки за потрошувачот, но исто така го штити растението од габични патогени. Засилувањето на мирисот е забележано поради поголемата содржина на киселина од рузмарин, но и посилниот, поинтензивен вкус, што дополнително го прави овој домат поздрав и попривлечен за купувачот – беше речено во тимот на шпански истражувачи.

Но, ова не е сè. Лисниот зеленчук, како што е зелената салата, кој беше третиран со LED светло, имаше подолг рок на траење поради зголемувањето на сувата материја во лисјата. Кога растението има поголема содржина на влакна и помалку вода, производот останува свеж подолг временски период. Исто така, научниците откриле зголемување на фенолите поради ситно избалансираниот спектар на светлина, што довело до подобар мирис и вкус.

По целото истражување, научниците дошле до заклучок дека ЛЕД-светлината не само што го подобрува растот и развојот на растението и го зголемува приносот, туку го подобрува и квалитетот и вкусот на зеленчукот кој се одгледува на овој начин.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *