Календар на активности за месец август – Лозарство

Вести Лозарство Совети

Задолжителна практика е да се откријат новозасадените облагородени лозички и да се исчистат од т.н росни корени. Ова е потребно за да се постигне добар развој на кореновиот систем во длабочина. Во месец август особено е важно да се отстранат листовите околу гроздовите, особено кај десертните сорти. Ова ќе им го подобри зреењето и ќе ја намали опасноста од распаѓањето на гроздовите.

Потребно е да се следи појавата на специфичните болести, како пламеница, пепелница и сл. И одма по појавата на првите симптоми веднаш да се третира со соодветни, регистрирани фунгициди. Август е соодветно место за почеток на припремата на местото кое што е определено за подигнување на нов лозов насад.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *