Календар на активности за месец мај – Говедарство

Вести Совети Сточарство

Говедарството во месец мај.

Животните воглавно се пуштаат на зелена паша и преминот од есенско-зимско хранење кон пролетно – летно е во тек. Во овој период тревите се богати со фитоестрогени, кои што можат да предизвикаат абортус кај животните во ран стадиум на бременост. За да не се менуваат квалитативните и квантитативните параметри на издоеното млеко кај молзна крава, се препорачува следниов пример норми: 1.тревна смеска во почеток на цветање – 20кг, 2. Сено од луцерка – 4кг, 3. Мелена пченка – 3кг. Се дава и по 0,5кг концентрирана сточна храна за секој литар млеко над 5л млечност.

Во месец мај се врши големо одржување на системите за молзење (молзните сали, инсталации со централен млекопровод) – потрошените молзни чорапи се заменуваат со нови, се проверуват протоците, се вршат поправки на безбедносните и електрични инсталации. Добро е по завршувањето на горенаведените активности, да се одржат профилактички мерки против субклинички маститис. Во втората половина на месецот потребно е задолжително да се изврши чистење на фармата, како и да се почитуваат законските барања за управување, т.е мерките од Добра Земјоделска и Хигиенска пракса, како и при складирање, транспорт и чување на ѓубривото во фармите.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *