Пчеларство – во месец мај настапува првата главна паша од еспарзета и бел багрем. Има и многу други видови дрвенести грмушки и тревни видови: бука, летен даб, јавор, детелина, кориандер и др. Пред доаѓањето на главната паша пчеларите треба да направи преглед за да се информира за силата и здравствената состојба на пчелните семејства. Кај многу корпусните кошници се става дополнителен спрат, трет или четврт, ако семејството е многу силно. При мобилното пчеларење, избраното место е неопходно да се исчисти од висока трева и камења.
Местото за подвижно пчеларство треба да е отцедливо, поставено на источната страна и по можност да има грмушки, под чија ретка сенка има коприва.