Кавадарци добива Вински салон

Вести

Кавадарци ќе добие Вински салон, информираа вчера од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Градежните работи се одвиваат непречено, а објектот се очекува да биде ставен во функција на 7 септември, Денот на ослободувањето на градот.

-Новиот Вински салон за промоција на малите семејни винарии ќе претставува место каде што секој љубител на вино ќе може да ужива. Општина Кавадарци во соработка со Здружението на семејни винарии го адаптира просторот за промоција на малите винарии со изложбен простор. Предвиден е и дел за енолозите кои стручно ќе презентираат, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Со реализацијата на овој проект, додадоа, општината Кавадарци ќе добие Вински салон по највисоките стандарди.

Финансиската вредност на проектот е 720 000 денари.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *