“Клас” бара контрола на увезеното брашно и пченица

Вести

Да се контролира квалитетот на увезеното, брашно или пченица, при влезот во земјава, без разлика од каде доаѓа, зашто тоа влијае и на домашното производство, бараат од регионалниот сојуз на земјоделците „Клас“. Не сме против увозот, зашто е потребен за задоволување на домашните потреби, но мора веднаш да се контролира.

Од Сојузот апелираат до Министерството да ги објави увозниците и заедно да најдат решение за недооткупената пченица, околу 30.000 тони што е околу една петтина од последната реколта.

За земјоделците е битно веднаш да се контролира квалитетот и на увезените вештачки ѓубрива и хемиски препарати.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *