Кои се придобивките од јадењето по еден морков дневно?

Вести

Морковите се зеленчук кој е исклучително добар за здравјето. Морковите содржат бета-каротен, кој им ја дава таа карактеристична портокалова боја.

Покрај тоа, содржи многу витамини, како што се А, Ц, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Е и витамин К, но и минерали како што се калиум, магнезиум, железо, калциум и фосфор.

Морковите содржат 40 калории на 100 грама, па затоа им се препорачува на луѓето кои сакаат да одржуваат здрава тежина.

– Доколку имате проблеми со гасови, се препорачува да изедете еден морков после оброк, а ако имате лоша крвна слика, пијте сок од морков.

– На жените им е многу важно да јадат моркови доколку страдаат од менструални болки, а освен тоа одлични се и за изгледот на кожата бидејќи го забавуваат стареењето.

– Морковите можат да влијаат и на здравјето на забите, доколку се консумираат после оброк бидејќи ги убиваат штетните материи во устата. Ги чистат забите и ги елиминираат наслагите од храна, го спречуваат крварењето на непцата и кариесот.

– Витаминскиот Б комплекс, кој го има во морковот, ја регулира циркулацијата на крвта, обезбедувајќи им на срцето и белите дробови нормална работа. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и помага во намалување на високиот крвен притисок.

– Консумирањето свеж морков го зголемува производството на плунка и го забрзува варењето, обезбедувајќи ги потребните ензими, минерали и витамини. Спречува формирање на чир на желудникот и други дигестивни нарушувања.

– Свежо исцедениот сок од морков е идеален за грчеви, апендицитис, диспепсија и други дигестивни проблеми.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *