Лабораторијата на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана од Тетовскиот Универзитет

Вести
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре
Досега, земјоделците од полошкиот регион своите примероци мораа да ги носат на лабораториски анлизи во Скопје. Наскоро тоа ќе го прават во лабораторијата на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана од Тетовскиот Универзитет, кој доби финансиска поддршка во вредност од околу 200 000 евра, од Програмата за рурален развој за 2021 година.
Со овие средства овозможивме доопремување на постоечката лабораторија за зголемување на лабораториските капацитети за контрола на прехранбени производи. Набавени се нови инструменти за автоматска детекција на патогени бактерии во примероци од храна и површина, бројач на соматски клетки во примероци од сирово млеко, апарат за квантитативно и квалитативно одредување на микотоксини како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки.
Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат
Оваа инвестиција е во интерес на земјоделците од овој регион. Ја остваривме нашата цел за исполнување на европските стандарди во системите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *