„ЛИДЛ“ во Швајцарија продава Канабис

Вести

Германскиот трговски синџир маректи „Лидл“ овие денови почна со продажба на марихуана од домашно производство во Швајцарија.

Цените се 875 денари за еден грам или за три грама канабис од стакленик треба да издвоите 970 денари, пишува британски „Guardian”.

Популарниот трговски синџир ги искористи измените на законот од 2011 година, според кој полнолетните граѓани на Швајцарија можат да купат канабис со помалку од 1 отсто THC. Производите од „Лидл“ направени се така да не опиваат, туку само опуштаат.

Дистрибутерот на канабис, швајцарската компанија “The Botanicals” ја одгледува „тревата“ во затворен простор со помош на полуавтоматизирани стакленици.

„Се потпираме исклучиво на одржливо производство и не додаваме хемикалии ни синтетички или генетски модифицирани супстанции“, се наведува во изјавата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *