Овоштарство – земјоделски календар за месец мај

Вести Полјоделство Совети

Во овоштарниците ги има следните агротехнички мерки:

-обработка на почвата,

-чистење на овоштарниците од плевели,

-насадите каде што се сеат култури за зелено ѓубрење се заоруваат.

Заштита кај јаболката и крушите – за време на цветањето се прска против бактериска пламеница и монилија на плодовите. За таа цел се користат фунгициди со некоја од следниве активни материи: боскалид+пираклостробин, пириметанил, ципродинил, пенконазол, пропинеб, манкозеб и сл.

Во јаболковиот насад прскањето се врши во интервал од 7 до 10 дена. Во месец мај се изведуваат 3 до 4 прскања кои се насочени кон превенција од чадливата краставост, монилијата, пепелницата, лисните вошки и крушкината болва. Неопходно е и прскање против ларвите на јаболковиот црв со инсектициди кои што се на база на некои од следните активни материи:
хлорпирифос, циперметрин, алфа циперметрин, диметоат, метоксифенозид,
луфенурон и сл.

Кај крушата се врши прскање во интервал од 10 – 12 дена и се насочени против чадлива краставост, бактериска пламеница, лисни вошки, крушкина болва, црвливост. За заштита и превенција од гореспоменатите болести се користат фунгициди кои што содржат некои од следниве активни материи:
боскалид+пираклостробин, пириметанил, ципродинил, пропинеб, манкозеб.

Во мај се врши првото прскање против најопасниот штетник на црешата:
црешина мува. Раните сорти не се прскаат со инсектицид против овој штетник, затоа
што тој не ги напаѓа овие сорти. Третирањето против црешова мува се изведува со
инсектицид кој што е на база на некоја од следниве активни материи: делтаметрин,
тиаклоприд, имидаклоприд, ацетамиприд, диметоат, хлорпирифос и сл.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *