Пекорино романо – сирењето на римските легионери на вашата трпеза

Вести Совети

Ароматичен вкус, долга историја и врвен квалитет вградени во еден производ. Доколку сакате да го вкусите сето ова одеднаш, сирењето пекорино романо е вистинскиот избор за вас. Ова тврдо, солено сирење направено исклучиво од овчо млеко е еден од заштитните знаци на Италија и веќе неколку години е еден од петте најизвезувани млечни производи во светот. Се произведува повеќе од 2.000 години во руралниот регион околу Рим по што и изворно го добило своето име – пекорино романо.

Ова сирење било главен столб во исхраната на познатите римски легионери во античкиот Рим, овозможувајќи им ја неопходната енергија за долгите походи и значајни битки. И покрај потеклото, денес основата на производството на ова сирење се наоѓа на Сардинија каде сѐ уште се прави според традиционалниот рецепт. Најголемото производство на млеко од кое се прави пекорино романо доаѓа од околината на градот Макомер, додека остатокот од млекото доаѓа од фармите во Лацио и провинцијата Гросето во Тоскана. Фармите во Сардинија го обезбедуваат најквалитетното млеко во Италија бидејќи во овој дел од земјата има огромни пасишта и долга традиција на одгледување овци, па млекарството е веќе вткаено во ДНК на локалното население.

Пекорино романо е тврдо сирење со извонреден квалитет чија боја може да варира од бела до различни нијанси на слама во зависност од условите во кои е произведено, како и тенка кора со боја на бледа слонова коска. Ова сирење има остар, пикантен вкус, кој е лесно зачинет кога се користи како трпезно, додека кај ренданото пекорино романо сирење се чувствува интензивно зачинет вкус. Пекорино романо не се конзумира веднаш по производството, туку треба да созрее одреден период. Така, доколку станува збор за трпезно сирење, минималниот период на зреење треба да изнесува најмалку 5 месеци, а ако е наменето за рендање тогаш пекорино романо треба да се остави да зрее најмалку 8 месеци.

Ова изворно италијанско сирење кај нас може да се најде во маркетите на Vero, како ексклузивен производ што го дистрибуира италијанската компанија „Леоне“, семејна компанија која повеќе од половина век се занимава со производство, зреење и дистрибуција на најквалитетни млечни производи со уникатен вкус.

Комбинации со храна и вино

Остриот пикантен и солен вкус на пекорино романо го прави ова сирење одличен додаток за различните видови италијански сосови и пасти, при што најдобро „легнува“ изрендано врз традиционалната паста карбонара. Но, ова сирење совршено се комбинира со овошје, џем или мед, кои го дефинираат неговиот остар вкус. Навистина изгледа прекрасно, но и навистина вкусно, кога парчиња пекорино романо се сервирани на дрвена или камена подлога заедно со свежо или сушено овошје и се прелиени со мед или џем. Пикантното сирење најдобро оди во комбинација со суви црвени вина со мека танинска структура. Но, и љубителите на пивото не треба да се откажат од спарувањето на пекорино романо со нивниот омилен пијалак бидејќи ова сирење прави совршена комбинација со силниот и интензивен вкус на пивата трапист.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *