Вработените и риболовците заедно ја чистеа околината на Стрежевското езеро

Вести

Во организација на ЗРРЕСК ЦРНА РЕКА 1929 – Битола, а во соработка со ЈП “Стрежево” – Битола викендов се одржи акција за чистење на крајбрежниот појас во село Лера од комунален отпад.

Во акцијата учествуваа директорот на јавното претпријатие Стрежево – Битола, Методија Граматковски, претседателот на управниот одбор, Добри Петровски, членови на управниот и надзорниот одбор на претпријатието, раководители и вработени, граѓански активисти, членови на ЗРРЕСК Црна Река – 1929 од Битола и љубители на чистата животна средина.

Акција беше организирана заедно со сите љубители на природата и роболовот, во насока на намалување на негативното влијание врз животната средина, заштита, зачувување и постојано подобрување на расположливиот воден ресурс и одржливо управување со водите, подобрување на состојбата на крајбрежното земјиште, заштита и унапредувањето на водната средина со единствена цел – акумулација “Стрежево“ по максимално дозволените концентрации на показателите за квалитет на вода да остане вода од висока класа, вели директорот на јавното претпријатие Стрежево – Битола, Методија Граматковски.

Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци во околината (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што апелираме одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена, додаваат од ЈП “Стрежево“.

Во нареден период на овај дел од акумулацијата ќе се постави нова урбана опрема за љубителите на спортсккот риболов.

Bitolanews.mk

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *