Меѓународна научна конференција „Подобро шумарство, за подобри шуми, за подобра планета”

Вести

На дводневниот меѓународен форум ќе учествуваат научници од земјава и од 40 држави од регионот, Европа и пошироко.

Во организација на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” (ХЕФ), денеска и утре во Скопје ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Подобро шумарство, за подобри шуми, за подобра планета”, по повод 75 години постоење на факултетот.

На конференцијата најавени се обраќања на ректорот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Никола Јанкуловски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на деканот на ХЕФ Кирил Сотировски.

На дводневниот меѓународен форум ќе учествуваат научници од земјава и од 40 држави од регионот, Европа и пошироко. /МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *