МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

Вести

Електромонтерите на МЕПСО, во соработка со активисти на здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, поставуваат 10 нови платформи за гнездење на царскиот орел (Aquila heliaca) на столбови од 400-киловолтниот далновод што ги поврзува електропреносните системи на Македонија и Србија.

Царскиот орел е глобално загрозен вид и е во црвените книги на видови во исчезнување на европско и светско ниво. Кај нас, како и во сите европски земји каде што се среќаваат, царските орли се заштитени со закон и се преземаат сериозни мерки за зачувување на постојната популација.

Оваа акција е петта по ред од 2012 година досега. Акциите за поставување платформи за гнездење царски орли се организирани на разни далноводни коридори во преносната мрежа на МЕПСО. Во периодот од 2012 година досега поставени се повеќе од педесет платформи за гнездење разни локации на далноводните столбови во Овчеполието и во Повардарјето, каде што живеат царските орли, кои се степски вид птици.

„Од платформите што се поставени досега е утврдено дека во пет се вгнездени царски орли. Тоа е добар успех доколку се земе во обѕир дека царските орли се територијални птици и потребно е подолго време новоформирани двојки да пополнат нова територија или да се преселат постојните двојки на нова територија“, соопштија од МЕПСО.

Поставувањето на платформите за гнездење е дел од проектот за зачувување на царските орли во Македонија финансиран од фондацијата Rufford од Англија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *