Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на градот Крушево, а таму оствари средби со поголем број стопанственици кои во последната година придонесоа за намалување на невработеноста во Крушево. Со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, ја посетија грчката компанија „Секе“.
– Крушевскиот регион е еден од поголемите производствени региони за тутун. Грчката компанија „Секе“ која во пресрет на новата откупна сезона со нова инвестиција се подготвува за откуп на тутун, ја зголемува конкуренцијата кај откупувачите. Го запознавме раководството со новиот Закон за тутун преку кој ќе се олеснат административните процедури при откуп, истакна министерот.
Министерот појасни дека станува збор за респектабилна грчка компанија, која има свои претставништва во Бугарија и Албанија, и со појавувањето на македонскиот пазар и новите инвестиции ја живна економијата во Крушево.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство