Министерот Николовски во посета на жените земјоделки

Вести
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, дрво и надвор
Жената е столбот на едно семејство,токму затоа се грижиме и ги подобруваме условите и правата на руралните жени во нашата држава. На гости сме кај Цана Џуковска заедно со индивидуални жени земјоделки, на кои им ја презентирав новата програма, со која земјоделките ќе можат да користат платено отсустсво за мајчинство, за прв пат во историјата на државата.
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Ова е навистина голем успех и сум горд што заедно со НФФ и Министерството за труд и социјална политика изнајдовме модел преку кој исплаќаме еднократна финансиска поддршка,од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок.
Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат, дрво и надвор
Дополнително, ги мотивираме жените земјоделки преку мерката Рурална жена да добијат грант од 6.000 евра и да си го модернизираат производството, како и грант до 10.000 евра за поддршка во набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг за развој на малите производители.
Можно е да е слика од 10 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре
Преку новата мерка Бизнис план пак, им овозможуваме на жените земјоделки да достават сопствен бизнис план преку отворен јавен повик кој ќе трае цела година, да веруваат во своите способности и да ги остварат своите бизнис цели.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *