Министерот Љупчо Николовски имаше работен состанок со регионалниот директор на германската банка за развој #KfW, Рене Ешеман и со мисијата на “KfW” банката, со кои ги усогласија промените на сепратниот договор потпишан со министерството.
-Со ова се вклучува грантот од 4 милиони евра, доделен од “KfW” во декември, минатата година и се заокружува финансиската конструкција на проектот за наводнување на јужната долина на Вардар, изјави Николовски.
Јавниот повик за градежни работи за хидросистемот Валандово, што е предмет на Програмата е во тек и ќе трае до 4 јули. Оваа Програма е од исклучителна важност за решавање на проблемите со наводнување во валандовскиот регион.