МЗШВ со своите политики носи прогрес во сточарството

Вести Сточарство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги слуша и ги почитува барањата и идеите за подобрување искажани од земјоделците. Доказ за тоа е измената на мерката 1.2.1 која е направена заедно, на барање и во интерес на сточарите, за да можат да набавуваат добиток под нивни услови.

Измената овозможи да се постигне огромен успех, т.е набавка на 1529 грла, што е рекордно голем број на набавка на високостелни педигрирани јуници.

-Веќе ги гледаме резултатите на терен. Во декември минатата година, го означивме стартот на набавката при што во с. Логоварди беа набавени 159 јуници, а денеска сме сведоци на уште една набавка на 96 јуници во с. Соколарци во вредност од над 10 милиони денари.
Радува фактот што носители на апликацијата се две жени од с. Соколарци, кои се носители на земјоделски стопанства, што значи дека мерките за развој на земјоделството допираат и до руралните жени кои се повеќе се охрабруваат да водат земјоделски стопанства, да аплицираат и да ги користат мерките од програмите, истакна министерот Трајан Димковски.


МЗШВ со своите политики носи прогрес во сточарството, целокупната млечна индустрија и економијата во целост.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *