Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2018 година, во однос на второто тримесечје од 2017 година, е намалено за 0.1%.
Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни и листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, огревното дрво од листопадни видови и кај другото грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки и колци.