Николовски: Излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците, и тоа на самиот почеток на жетвата, со нови мерки за пченица и јачмен

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски најави дополнителна поддршка за јачменот и пченицата.

„По консултациите со претседателот на Владата сакам да најавам дека Министерството е подговено и ќе излезе пред Владата со нов пакет мерки кои го опфаќаат производството на жито. односно дополнителна поддршка за јачменот и пченицата. Преку Интервентниот фонд оваа година приоритет ќе дадеме за поддршка за пченицата. Предлагаме дополнителни три денари за предаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во Република Северна Македонија. Со ова производителите на пченица покрај основните плаќања кои веќе се исплатени, покрај зелената нафта за која ќе добијат зелени картички во текот на летото, во овој период ќе ја утврдиме и оваа поддршка и овие средства ќе бидат исплатени исто така брзо и навремено. Целта на мерката од три денари за килограм предадена кај домашни откупувачи, е за да ги надополниме домашните капацитети за домашно производство на храна кое треба да се зголеми.“, информираше Николовски.

„Во Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.
Се зголемува рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен, кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година, со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство.
Очекуваме зголемени колчини и затоа ја зголемуваме сумата за оваа мерка од 500.000 на 1.500.000 денари по корисник.“, рече Николовски.

Целата изјава на министерот Николовски можете да ја погледнете во следното видео.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *