Николовски: Лозарите ќе ги добијат своите пари за предаденото грозје во винарските визби „Повардарие“ и „Стефанс винарија“

Вести

Владата заедно со Министерстсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство мора да ја затвори како прашање исплатата на долговите од винарската визба „Повардарие“ и винарницата со германски капитал „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија)  и лозарите мора да ги добијат своите пари, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

При тоа Николовски посочи дека е во постојна комуникација со раководството на „Поварадие“ и стечајниот управник на „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), како и со лозарите и градоначалниците на Неготино и Кавадaрци, со цел да се најде соодветно решение.

„Се трудиме да правиме притисок и да ги решаваме напластените проблеми каков што првенствено беше со винаријата „Повардарие“ која на лозарите им должеше близу четири милиони евра. Денеска вршевме инспекциски увид и констатиравме дека „Повардарие“ уште исплаќа и оти во овие два месеца се исплатени 200 илијади евра. Останува по долгот за 2015 и 2016 година да се доисплатат уште 500 до 600 илјади евра. Министерството координира да го направиме на некој начин тоа што може да го сториме како држава. Разговараме да ги мотивираме што побрзо да се најде решение за овој проблем зашто лозарите имаат побарувања од околу 30 милиони денари од винаријата Стефани кои мора да бидат исплатени“, изјави министерот Николовски.

Веќе денес како што што посочи министерот Николовски, е закажан состанок со градонaчалниците на Кавадарци и Неготино, со пратениците од тој регион и со претставници на лозарите, а пртетходно ќе има и состанок со стечајниот управник на винаријата Стефани и со претставниците на банките.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *