Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во Ресен, каде што оствари средба со производителите на јаболка.
-Мерката за дополнителни субвенции од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува до 30 јуни 2019 година, истакна Николовски.
Министерот нагласи дека се очекува да се откупи до 30.000 тона јаболка, а тоа се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.
-Со ова ги реализираме сите барања на производителите на јаболка, рече Николовски.
“Современо Земјоделство”