Николовски: Младите земјоделци ги препознаваат поволностите за започнување сопствен агробизнис

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на млади земјоделци кои со поддршка од МЗШВ, започнаа свој успешен агро бизнис.

-Младите земјоделци веќе ги препознаваат поволностите за започнување сопствен агробизнис. Мики Ѓуревски пред 3 години започнал да се занимава со одгледување на цреши на 2 хектари, но одлучил да ги прошири насадите, истакна Николовски.

Минатата година тој доби уште 9 хектари земја, по склучување на договор со МЗШВ за под закуп на земјоделско земјиште. На дел од овие површини продолжува со одгледување на цреши, а на останатите со пченица. Мики Ѓуревски производството со цреши планира да го прошири на 20 хектари и да ги пласира освен на домашниот и на странските пазари.

-Овој позитивен пример за нас како ресорно министерство претставува уште поголем поттик да работиме на создадавње на поволни услови за развој на земјоделството, преку мерките од Националните програми за 2019 и ИПАРД Програмата, но и преку правичната распределба на државното земјоделско земјиште, заврши Николовски.

 

„Современо Земјоделство“

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *