Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Вести

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 19 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за мај, а пониско е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,61 метар иако за 10 сантиметри го има надминатоа апсолутниот минимум. Единствено Дојранското Езеро има повисок водостој од просекот за мај и тоа за 2,79 метри.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава и кај најголем дел од нив има дополнително намалување во однос на вчера. Исклучок се реките Пчиња и Бабуна на мерните места во Катлановска Бања и Богомила каде водостоите се повисоки од просечните.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *