Николовски: Обезбедувањето на пласман за македонските земјоделски производи на европските пазари е наш врвен приоритет

Вести

– Обезбедувањето на пласман за македонските земјоделски производи на европските пазари е наш врвен приоритет, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

На денешната средба со белгиската компанија „Greenyard“ се разговараше за нивната воспоставена соработка со неколку македонски компании-откупувачи на земјоделски производи и можноста преку оваа компанија да се зголеми извозот на македонски земјоделски производи на западно-европските пазари.

Претставниците на компанијата потенцираа дека Македонија има потенцијал за активно учество на пазарите во Европа преку своите препознатливи земјоделски производи и поднебјето што го имаме за развивање на нови сорти на култури кои се барани на европските пазари.

Компанија „Greenyard“ е лидер во обезбедување на свежо овошје и зеленчук за европските супермаркети и со свежо овошје и зеленчук снабдува повеќе од 25 земји во Европа.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *