Николовски: Одлуката на Косово ги прекршува меѓународните договори, наш приоритет е заштита на домашното производство

Вести

Одлуката што е донесена од Косово за зголемување на царината на 30 отсти за одредени земјоделски производи ги прекршува ЦЕФТА договорот и нивната спогодна за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Во текот на денот ќе бидат испратени дописи до ЦЕФТА, ЕУ и до министерството за трговија и индустрија на Косово, со кои ќе ги информираме за прекршувањата и ќе побараме итно повлекување на одлуката.

„Очекувам дека одлуката ќе биде повлечена. Ако тоа не се направи во најкраток временски период ние ќе го заштитиме нашето домашно производство – ова е нашиот приоритет. Ние од страна на Косово, не сме консултирани во овој процес, јас се надевам на дијалог и на разумност од страна на Косово, оти веќе Владата има усвоено Меморандум со нивното министерство за земјоделство.“ – изјави министерот Николовски.

МЗШВ и Министерството за економија детално ја разгледуваат целата одлука. Утврдени се елементи кои се формално правно нејасни. Така на пример, во дел од одлуката стои дека се однесува за овошје и зеленчук, а во листата на производи за кои ја зголемуваат царина стои пченка. Во самата табела каде што се наведени производите кои подлежат на зголемената царина, не се наведени тарифните броеви. Исто така се наведува дека се направени некои интерни консултации со домашните производители, има сериозни пропусти во селата процедура.

Најмногу погодени производи од оваа одлука во овој период би бил извозот на доматите, пиперките и сливите. Во моментот се анализираат точните податоци, вкупниот извоз во Косово за 2017 е околу 6 милиони евра, а во првите шест месеци од годинава 2,5 милиони евра. Увоз на земјоделски производи од Косово нема. Во одлуката го нема грозјето и други стратешки производи. МЗШВ е во контакт и со другите министри од регионот и ќе преземеме заеднички мерки и политики. Примарна цел на министерството е заштитата на домашното производство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *