Николовски: Со 202 капитални проекти изработени од 80 општини и 8 Плански региони, создаваме услови за подобар и достоинствен живот

Вести

Денеска се започна со потпишувањето на решенијата за проектите на сите општини и плански региони, со коишто ќе има реализација на капитални инвестиции во делот на локална патна инфраструктура, патишта за поврзување на населени места, за поврзување на селата, домови за култура , изградба и реконструкција на пазари, инвестиции во водоводна и канализациона мрежа, различни тип на инвестиции во делот на руралниот туризам.

-Со 202 капитални проекти изработени од 80 општини и 8 Плански региони, создаваме услови за подобар и достоинствен живот за граѓаните во сите општини во државата, истакна министерот Николовски.

Вкупниот буџет е 37,5 милиони евра.  Ова се дополнителни 38 милиони евра коишто се обезбедени преку Програмата за рурален развој и коишто ќе бидат инвестирани во капитални инвестиции за потребите кои се најважни за граѓаните, а ќе го поттикнат и регионалниот економски раст.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *