На Факултетот за земјоделски науки и храна денеска беа презентирани резултатите од проектот „Изработка на анализи за спроведување на инвестиции за изградба на откупно-дистрибутивни центри“ – Осврт на производството, откупот и трговијата со зеленчук и овошје.
На презентацијата, се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
-Создаваме услови за сигурен пласман и дистрибуција на земјоделските производи. Проектот „Изработка на анализи за спроведување на инвестиции за изградба на откупно-дистрибутивни центри“ го подготви Факултетот за земјоделски науки и храна. Ние го поддржавме бидејќи ги опфаќа потребните сегменти за можни решенија и насоки за успешно функционирање на откупот и дистибуцијата на овошје и зеленчук, истакна министерот Николовски.
Резултатите од проектот се од голема помош за министерството. МЗШВ изминативе две години интензивно работи на политики и мерки со кои се обезбедат услови за сигурен откуп и пласман на земјоделските производи.
„Современо Земјоделство“