Николовски во Кочани: Ќе следат нови дополнителни мерки за оризот за порентабилно производство

Вести

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со амбасадорот на Делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, присуствуваа на традиционалната манифестација во Кочани, „Денови на кочанскиот ориз“.

-Како министерство силно го поддржуваме домашното земјоделско производство. Така, субвенциите ги зголемивме за 10%, а кај оризот пораснаа и до 300%. На следната владина седница ќе донесеме дополнителни мерки за поддршка на оваа култура, со цел да го направиме производството порентабилно, истакна министерот.

Со денешното зажнејување официјално започна годинашната жетва на оризот.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *